Wednesday, January 28, 2009

Педагогијата во современиот свет не може веќе да се прифати во обликот на нејзината правобитна одредница pais agogos - водење на дете, ниту пак онака како што била третирана долг временски период - како наука за воспитание на младите. Таа е комплексна наука која воспитанието го разгледува во неговата целокупност.
) Антрополошки аспект - таа на воспитанието гледа и го третира како дејност која е својствена за целокупниот развој на човекот во сите негови возрасни периоди, а не само како привилегија која е сврзана само за младите луѓе;
2) Телеолошки - воспитанието како дејност има цели и задачи;
3) Методички - воспитанието има соодветни методи, средства, облици, со чија помош ги остварува поставените цели;
4) Методолошки - располага со инструментариум со чија помош ги проучува појавите и процесите кои влијаат однадвор и кои се случуваат внатре во него, т.е. на свој начин доаѓа до релевантни сознанија и заклучоци.
Предмет на педагогијата е воспитанието (како вкупност на интенционалното влијание на развојот на личноста, независно од нејзината возраст). Значи педагогијата е наука за воспитанието. Со тоа се укажува на фактот дека таа се занимава со се она што се смета за интенционално, за да се влијае на развој на децата, младите и возрасните т.е. развојот на личноста (независно од возраста) да се насочи кон одреден правец.
Педагогијата е наука за воспитанието во неговата целокупност.

My name is Emilija Petrova Gjorgjeva I tech pedagogy on the teacher faculty in Stip.